Рома ќе игра за чест, Јунајтед за ново финале во Лига Европа

Реваншот е чиста формалност. Нема неизвесност по 6-2 на „Олд Трафорд“. „Црвените ѓаволи“ ќе играат за вториот трофеј во второто најсилно натпреварување на Стариот континент. „Волчицата“ беше засрамена на Островот, исто како и пред 14 години во Лигата на шампионите.

Полуфиналето помеѓу Манчестер Јунајтед и Рома не донесе спектакуларен дуел, туку исклучиво само ураганскиот настап на тимот на Оле Гунар Солскјер. Рома беше прегазена на „Театарот на соништата“, што за неа е „Театар на кошмарите“, бидејќи во куќата на „црвените ѓаволи“ го доживеа едно од најголемите понижувања на европската сцена.

Рома беше скршена на парчиња, на виделина се појави целата немоќ на тимот на Фонсека, па Јунајтед скоро туристички ќе може да патува во Вечниот град. Точно, тие нема да можат да го гледаат градот и да уживаат во придобивките од Рим, но ќе можат да играат на „Олимпико“ без никакви пречки. Пласманот во финалето на Лигата на Европа не им виси, скоро целата работа беше завршена во Англија и имаа и повеќе време за одмор од очекуваното.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Рома - Манчестер Јунајтед >>> 

Навивачите на Манчестер Јунајтед повторно го кренаа гласот против американските сопственици Глејзери, па дуелот со Ливерпул беше одложен поради упад на навивачите во клупските простории и на теренот на „Олд Трафорд“. Така, Оле Гунар Солскјер со своите момци добија доволно време за да се посветат на подготовка на реванш со „волчицата“ .

Манчестер Јунајтед влезе во вистинско време во форма. „Црвените ѓаволи“ нема да ја освојат титулата во Премиер лигата, таа ќе остане неостварен сон уште од заминувањето на Сер Алекс Фергусон, но под команда на Оле Гунар Солскјер конечно би можеле да го освојат трофејот. И тоа европски. Солскјер од сопствените редови доби големо засилување, Единсон Квани конечно проработи, и тој токму против Рома на „Олд Трафорд“ го одигра убедливо најдобриот натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед.

Сите квоти на MOZZART за полуфиналните реванши во ЛЕ >>>

Може да се каже дека клетвата за „седумката“ на Јунајтед е разбиена. Од заминувањето на Кристијано Роналдо, ниту еден играч кој го носел тој број не се прослави со голгетерски учинок. Мајкл Овен, Анхел ди Марија, Мемфис Депај, Антонио Валенсија и Алексис Санчез не успеаја да ја поместат разликата од 10 гола во сезоната. Уругвајскиот напаѓач, иако често беше резерва, на шега впиша двоцифрен број на голови и тоа многу пред крајот на сезоната, а кога е во елемент - тој е незапирлив.

Тоа го почувствуа и „волчицата“. Уругваецот ја уништи четата на Пауло Фонсека. Постигна два гола, асистираше за два, а над него беше направен и пенал, кој подоцна во гол го претвори Бруно Фернандез. Европските соништа на римјаните се расфрлани на „Олд Трафорд“, па тие ќе играат за чест во својата куќа. Не ѝ преостанува ништо друго, а големото прашање е кога „волчицата“ следен пат ќе биде толку близу до европскиот трофеј. Сомнително е дали ќе се обиде во некое европско натпреварување следната сезона, бидејќи е седма во Серија А.

Потонаа сите чамци на Фонсека, кој од лето дефинитивно ќе оди во канцеларијата на трудот. Во најважниот дел од сезоната, неговиот тим изгледаше како неорганизиран оркестар, тој е без победа на последните шест натпревари и доколку Манчестер Јунајтед покаже малку желба и вештини од првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа, на „волчицата“ црно ѝ се пишува и на „Олимпико“.