Рома ја засилува одбраната од Челзи и Арсенал

Запакоста Мустафи

Италијанскиот дефанзивец Давиде Запакоста ќе се врати во Серија А и ќе го облече дресот на Рома.

Поранешниот член на Торино ќе игра како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, а потоа Челзи ќе одлучува за неговата иднина на „Стемфорд Бриџ“. 

Тука нема да биде крајот на одбранбените засилувања во римскиот клуб. Се очекува за неколку дена да пристигне и Шкодран Мустафи од Арсенал.

Управата на калчолигашот се обидува да ја врати довербата кај навивачите кои не веруваат во овој тим. Потврда за тоа се продадените 18.000 сезонски билети, што е далеку од капацитетот на „Олимпико“.