• Саше Љолес
Калчолигашот Рома официјално го потврди ангажманот на Нахуел Молина, кој во италијанскиот клуб пристигнува од Атлетико Мадрид.
Аргентинскиот репрезентативец зад себе има четири сезони во дресот на мадридскиот клуб, а претходно настапуваше и за Удинезе. Во европскиот фудбал досега запиша 249 настапи и 19 голови.
Молина има 28 години и е стандарден репрезентативец на Аргентина, за која досега одигра 65 натпревари. Со националниот тим ги освои најголемите трофеи во последните години - Светското првенство во Катар во 2022 година, како и Копа Америка во 2021 и 2024 година.
Во новиот клуб Аргентинецот ќе го носи дресот со број 20, а од него се очекува да донесе дополнителен квалитет и искуство во составот на „волчицата“.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.








