ВИДЕО: Рома ја прекина „црната серија“ и по месец и половина победи во Серија А!

По „црната серија“ од шест натпревари, Рома конечно им се врати на победите во Серија А. „Римската волчица“ по пауза од месец и половина на своето конто запиша три бода, откако денес во рамки од 23. коло на италијанскиот шампионат славеше минимална победа од 0-1 (0-1) на гостувањето кај Верона. 

Рома до овој многу значаен триумф стигна уште првата минута, откако домашната мрежа ја затресе Ундер Џенгиз. Младиот турски бек по одлична соло акција биеше прецизно во поблискиот агол од голот на Николас и донесе водство, а на крај и победа за својата екипа.

Римскиот тим и покрај водството продолжи со офанзивната игра, а во 51. минута работите за Ди Франческо се комплицираа, бидејќи директен црвен картон заработи Пелегрини. Сепак, домаќинот не успеа да ја искористи бројчената предност на теренот и трите бода заслужено заминаа на контото на Рома. 

Со оваа победа „волчицата“ се доближи на бод до четвртопласираниот Интер, кој синоќа повторно киксна, играјќи само 1-1 против Кротоне.