• Мартин Танасковски
Раководството на Рома му изгласа доверба на тренерот Даниеле Де Роси и покрај лошиот старт на сезоната, пишува весникот „Il Mesagero“, иако „волчицата“ е без победа оваа сезона и се во долната половина на табелата во Серија А.
Сопствениците на клубот Ден и Рајан Фридкин пристигнале во Рим за да ја увидат ситуацијата во клубот, но, нивната посета наводно била однапред договорена и не била поврзана со слабите резултати на тимот.
Посетата на газдите повеќе била поврзана со проектот за новиот стадион на Рома, пишуваат италијанските медиуми. Според информациите, браќата Фридкин имаат целосна доверба во Де Роси и веруваат дека тренерот ќе го изведе тимот од кризата.