Рома и Јуве се договорија, на потег е Игуаин

Управите на Рома и Јувентус постигнаа договор околу потенцијалната позајмица на Гонзало Игуаин. Договорено е Аргентинецот да премине во „римската волчица“ за шест милиони евра, со можност да биде откупен за 27 милиони на крајот од сезоната.

Сега на потег е фудбалерот на кого му е понудено да прифати пониска плата од 4,5 милиони годишно и да стави потпис на нов договор со „бјанконерите“ до 2023 година. За него тоа е гаранција дека нема да остане без финансии и да не пронајде нов клуб наредната сезона.

31-годишникот има намера да се наметне кај Маурицио Сари, но раководството на тимот посакува да го замени со неговиот сонародник од Интер, Мауро Икарди.

Преговорите се во тек, а Рома сака истите да ги заврши што поскоро за да може да се ослободи од Един Џеко и да пронајде ново име во нападот.

Последните две сезони за Игуаин донесоа позајмици во Милан и Челзи. Дали негова следна дестинација ќе биде Рим, останува да видиме во следните неколку дена.