Рома и Интер се договорија, на потег е Икарди

Во Италија на големо се зборува за преселба на Мауро Икарди во Рома. Тимот од главниот град е подготвен да го понуди Един Џеко и дополнителни 40-50 милиони евра за да го обезбеди незадоволниот Аргентинец.

Римјаните му нудат и повисока плата од онаа што ја добива во Милано, во висина од седум милиони по сезона, но и значително пониска од онаа што ја нудат Наполи или Јувентус.

Желба на голгетерот е преселба во Торино и тоа не е тајна. Многумина веруваат дека тој ќе чека колку што е потребно за да ја засили „старата дама“, а во меѓувреме ќе ги одбива сите понуди на маса.

Вчера „неразурите“ испратија нова провокација на негова сметка, откако дресот со број 9 му го дадоа на новото засилување Ромелу Лукаку.

Антонио Конте нема да му даде голема минутажа, но поради регистрацијата и избегнувањето на тужба, ќе мора да му даде шанса во домашното првенство.