ВИДЕО: Рома и Аталанта убедливи, Нестогол влезе од клупата во ремито на Удинезе

Рома

Рома со убедливо издание на гости кај Кротоне (1-3) ја намали предноста на Интер, кој киксна кај Сампдорија во вонредното 16. коло од Серија А.

  • Кротоне - Рома 1-3: 

Тимот од „Олимпико“ за едно полувреме постигна три гола и го одлучи прашањето на победникот. Михтарјан продолжи со одличните игри оваа сезона и со асистенција му овозможи на Борха Мајорал да го постигна првиот од двата гола во воведниот дел. Ерменскиот фудбалер потоа реализира пенал и стави точка на перфектниот период на римјаните. Големиц во продолжението постигна гол за утеха на домаќинот и го постави конечниот резултат.

Лесна задача имаше и Аталанта против Парма на домашен терен (3-0). Гостите одиграа меч за заборав, на кој беа целосно безопасни кон голот на Голини. Екипата од Бергамо поведе со голот на Муриел, а Запата и Госенс во второто полувреме ја казнија лошата игра на противничката одбрана.

  • Аталанта - Парма 3-0: 

Фиорентина продолжи да се мачи во домашното првенство и запиша нов пораз кај Лацио (2-1). Имобиле се доближи до најдобрите стрелци во лигата со денешниот погодок од одбиена топка.

  • Лацио - Фиорентина 2-1:

Илија Несторовски започна од клупата, но уште во првиот дел доби шанса во ремито на Удинезе кај Болоња (2-2), а Горан Пандев не беше дел од тимот на Џенова на гостувањето против Сасуоло (2-1). Во последниот натпревар Верона ремизираше со Торино (1-1). 

  • Сасуоло - Џенова 2-1: 

Попладнево Наполи ја пречекува Специја, а вечерва се игра дербито меѓу Милан и Јувентус.