Рома го задржа „моторот“ на тимот, Ерменецот останува во таборот на Мурињо

Иако се шпекулираше дека Рома нема да го задржи Хенрик Михтаријан во своите редови, стигна официјален демант со потписот на неговиот договор. 

Ерменскиот офанзивец се договори со „волчицата“ за продолжување на договорот на уште една година. Михтаријан пак ќе соработува со Жозе Мурињо, а останува да видиме дали ќе има иста улога како минатата сезона кога беше „моторот“ на екипата и меѓу најкорисните фудбалери. 

Михтаријан пристигна во Рим од редовите на Арсенал, а настапуваше и за Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд, Металург и Шахтјор Доњетск, како и Пјуник. Минатата сезона во дресот на Рома во Серија А запиша 34 натпревари, постигнува 13 погодоци и 11 пати им асистираше на соиграчите.