• Мартин Танасковски
Фудбалерите на Рома забележаа сигурна победа над Каљари со 2-0 во рамките на 24. коло од италијанската Серија А, продолжувајќи ја борбата за место кое води во Лигата на шампионите.
Со освоените три бода, римскиот клуб се искачи на делба на четвртата позиција на табелата заедно со Јувентус, при што двата тима имаат по 46 бодови. Каљари, пак, остана на 12. место со вкупно 28 освоени поени.
Рома на овој начин се врати на победничките патеки по поразот од Удинезе во претходното коло, додека гостинскиот тим го прекина позитивниот ритам од три последователни триумфи во првенството.
Клучна фигура на натпреварот беше Малeн, кој ги постигна двата гола за домашниот состав. Првиот погодок го реализираше во 25. минута, откако најдобро се снајде по асистенцијата на Манчини и прецизно ја смести топката во мрежата.
- Извештај од натпреварот:
Со минимална предност Рома замина на полувреме, а конечниот исход беше поставен во 65. минута, кога Малeн повторно се запиша во листата на стрелци и ја потврди заслужената победа на својот тим.







