ВИДЕО: Рома го сопре лидерот, реми без голови во дербито на „Џузепе Меаца“

Во првиот натпревар од 15. коло на Серија А, Интер и Рома на „Џузепе Меаца“ во Милано играа 0-0 во тактички дуел и надмудрување меѓу двајцата тренери. 

Домаќините настапија без Барела и Сенси, а за гостите на голот се појави Миранте наместо Пау Лопез, а во нападот без Џеко од првата минута, тренерот Фонсека се одлучи за игра со лажен напаѓач (Заниоло). 

  • Извештај од натпреварот: 

Дуелот беше тврд и тактички. Во првите шест минути Интер имаше две големи шанси. Миранте го одбрани ударот од непосредна близина на Лукаку, а Лаутаро Мартинез од непосредна близина го префрли голот. Гостите првпат се заканија преку Заниоло, но неговиот млак обид, Хандановиќ го одбрани. Интер првата шанса ја имаше по обидот со левата нога на Лаутаро Мартинез, кој заврши крај дирекот. Во последните десетина минути Интер креираше многу повеќе од римјаните. Весино од изгледа позиција наместо да шутира, додавање и пропадна ветувачка акција. Најзрелата можност ја имаше Брозовиќ, кој доби подарок по грубата грешка на Миранте, но биеше преку голот.

Пауло Фонсека менуваше уште во раната фаза, откако на местото на повредениот Сантон, крај десната аут линија во игра влезе Спинацола. 

Вториот дел започна со видлива желба Интер да го отвори резултатот, но без многу зрели шанси. Најголемата ја имаше Матијас Весино, кој на додавање на Борха Валеро, излезе сам пред Миранте, одлично биеше, но гостинскиот голман со убава парада ја исфрли топката во корнер.

По еден час игра Фонсека го внесе Џеко, а Конте одговори со Асамоах на местото на Борха Валеро. Во 87. минута по десната страна мина Весино, убаво центрираше, но Манчини му посмета на Лаутаро Мартинез во супер-изгледна позиција. 

Во дуел со израмнета превласт и позрели шанси за домаќините, Интер и Рома го поделија пленот, па сега „нераѕурите“ имаат два бода повеќе од Јувентис, кој утревечер гостува кај Лацио во Рим. 

Состави

Antonio Conte

3-5-2

    Paulo Fonseca

    4-2-3-1