• Саше Љолес
Аргентинскиот напаѓач, Матиас Суле, официјално беше претставен како ново засилување за италијанскиот гигант, Рома. 21-годишниот фудбалер пристигнува од редовите на Јувентус и веќе ги запозна своите нови соиграчи.
Минатата сезона Аргентинецот ја мина на позајмица во Фросиноне, одигра 36 натпревари и постигна 11 голови и три асистенции, а трансферот во Рома е вреден 26 милиони евра, плус четири милиони кои може да бидат активирани преку дополнителни бонуси.
Суле потпиша петгодишен договор со римската „волчица“ и ќе заработува два милиони евра по сезона.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.