• Горан Упале

Рома дури во четвртото коло од италијанската Серија А успеа да го оствари првиот триумф по ремито со Салернитана (2-2) и поразите од Верона (1-2) и Милан (1-3), но затоа „наплати“ за сè.
„Несреќниот“ Емполи се најде на погрешно место во погрешно време и прими дури седум гола против разиграниот тим на Жозе Мурињо, но Португалецот не беше целосно задоволен.
„Прво сакам да кажам дека ми е жал за Емполи, но таков е фудбалот. За нас беше важно да победиме со убедлива разлика, но никој не очекуваше да биде 7-0. Сепак, колку и да изгледа одлично од страна, не можам да кажам како сум целосно задоволен. Имаше подеми и падови во играта, не бевме константни, правевме грешки во многу сегменти и сакам да го поправам тоа“, изјави Мурињо по натпревар.
Еден од седумте гола на „Олимпик“ го постигна најголемото летно засилување на Рома, Ромелу Лукаку.