Рома „блиндира“ уште еден талент, Ундер на „Олимпико“ до 2023 година

Џенгиз

Италијанскиот прволигаш Рома го официјализира потписот на новиот договор со турскиот интернационалец Џенгиз Ундер.

Младиот фудбалер ќе остане во Рим до 2023 година и ќе заработува два милиони евра по сезона. Неговиот престој на „Олимпико“ започна во 2017 година кога дојде од Истанбул Башакшехир за скоро 15 милиони евра.

Досега во 65 наврати бил дел од натпреварите на „римската волчица“ и постигнал 14 гола.

За разлика од него, Стивен Н'Зонзи реши да си замине и да ја продолжи кариерата во Турција. Тој ќе игра како позајмен фудбалер во екипата на Галатасарај.