ВИДЕО: Ројс заигра по седум месеци и даде гол за – 15 секунди!

Борусија Дортмунд го надигра Дуисбург (0-5) во 1/32-финалето од ДФБ Купот, а мечот го одбележа кам-бекот на Марко Ројс.

Некогашниот капитен на „милионерите“ поради повреда за првпат заигра фудбал по седум месеци. Последен пат тој имаше меч на стартот на месец февруари. Германецот влезе од клупата во 58. минута и во истата минута, по само 15 секунди на теренот, од првиот допир се запиша во листата на стрелците.

  • Голот на Ројс против Дуисбург:

Покрај Ројс, во мечот од Купот на Германија за фаворитот стрелаа уште Санчо, Белингам, Азар и Реина.