ВИДЕО: Ројс спасител на „милионерите“, Хофенхајм го изненади РБ Лајпциг

Борусија Дортмунд ја искористи можноста и ја намали разликата во однос на лидерот Баерн Минхен, победувајќи на домашен терен против Штутгарт (2-1) во 12. коло од Бундеслигата. 

„Милионерите“ беа подобар противник и покажаа повеќе, а на крај со многу среќа го напуштија теренот со само три освоени бода. Донјел Мален со удар од далечина донесе предност за домаќинот во 56. минута. По само неколку акции гостите возвратија. По еден одличен соло продор, Роберто Масимо го изненади домашниот голман и донесе радост за својата екипа на „Сигнал Идуна Парк“. Следуваше празен период, кој го прекина ветеранот Марко Ројс, со победнички погодок и ерупција на трибините.

  • Борусија Дортмунд - Штутгарт 2-1:

Серијата позитивни резултати заврши за РБ Лајпциг кој имаше неуспешно гостување кај Хофенхајм (2-0). Еден од кандидатите за висок пласман немаше „муниција“ на денешната средба, а дозволи два гола во својата мрежа и запиша нов негативен резултат. Диадие Самасеку по еден корнер го отвори мечот, а во продолжението домашната радост ја потврди Мунас Дабур, по една грешка на противничката одбрана.

  • Хофенхајм - РБ Лајпциг 2-0: 

Баер Леверкузен со раниот погодок на Амине Адли успеа да го совлада Бохум (1-0). Со тоа „фармацевтите“ ставија крај на серијата четири меча без победа во домашното првенство.

Ефикасно реми одиграа Арминија и Волфсбург (2-2), а Борусија Менхенгладбах беше убедлива против Гројтер Фирт (4-0).

Состави

Pellegrino Matarazzo

3-5-2