• Мартин Танасковски

Борусија Дортмунд имаше се во свои раце да се врати на тронот во Бундеслигата по една деценија. Марко Ројс беше во фокусот на вниманието, но забавата ја расипа Баерн Минхен кој ја освои 11. титула по ред.
„Милионерите“ дома играа со Мајнц и беа огромни фаворити. Не победија, а кога се чинеше дека Баерн ќе киксне, постигна гол и почна славјето во Минхен. Играчите на Дортмунд беа скршени од тага пред трибините на кои немаше место игла каде да падне.
По поразот од Мајнц, скршен од тага беше Марко Ројс. 33-годишникот кој го посвети животот на Дортмунд пак остана без голем трофеј со клубот. Германецот од 2012 година е член на првиот тим, ама, едноставно, нема среќа.
Кога сите помислија дека ова ќе биде круната за лојалноста на Ројс, се случи спротивното. Играчот пак остана со скршено срце, како што тоа беше случај и во Лигата на шампионите во сезоната 2012/13.
