Ројс: Сите пари кои ги имам би ги дал само за едно нешто во светот...

Германскиот фудбалер Марко Ројс пред десет години важеше за голем фудбалски талент, но во текот на кариерата никогаш не го оствари целосниот потенцијал поради многуте повреди со кои се соочи додека играше во Бундеслигата.

Капитенот на Дортмунд најтешката повреда ја имаше во 2014 година кога го пропушти Мундијалот во Бразил. Германецот остана верен на „милионеите“, и денес игра во тимот, а вели дека би ги дал сите пари за само едно нешто...

„Сите пари кои ги имам би ги дал само за едно нешто во светот. Да сум здрав и да играм нормално без повреди. Никогаш не размислував за крај на кареирата, знаев дека пак ќе се вратам уште посилен. За жал, повеќе пати се повредив и знам како се чувствуваш кога ќе ти се случи такво нешто. Затоа кога некој од моите соиграчи се повредува, јас сум тука за него затоа што знам низ што проаѓа“, вели Ројс.

Ројс е легенда на Борусија Дортмунд, а во тимот е од 2012 година.