Ројс го пропушта првиот дуел со Тотенхем и нема да патува за „Вембли“

Борусија Дортмунд веројтно ќе настапи без својот најдобар фудбалер Марко Ројс на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Тотенхем. Капитенот на бундеслигашкиот лидер се повреди во средата против Вердер Бремен во Купот, а не настапи ни во ремито со Хофенхајм вчера попладне.

Ројс мора да мирува десетина дена, па Фавр нема да ризикува и на „Вембли“ ќе истрча без својот клучен фудбалер во средниот ред и нападот. Тотенхем ќе биде без двајцата клучни  фудбалери, Хари Кејн и Деле Али, кои исто така се повредени и нема да закрепнат за првиот дуел од двомечот.

Тотенхем и Борусија Дортмунд ќе играат во првото осминафинале в среда со почеток од 21:00 часот.