ФОТО: Рог се збогува со Наполи и направи место за Елмас

Марко Рог

Хрватот Марко Рог пронајде нов клуб и денес се збогува со своите соиграчи од Наполи.

Тој ќе го засили Каљари и ќе направи место за доаѓањето на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас. Во новата средина хрватскиот фудбалер ќе игра на позајмица, а наредното лето целосно ќе биде откупен за 13 милиони евра.

На Сардинија во следните неколку дена се очекува да пристигне Елмас, талентот од Фенербахче, за кого долго време се зборува дека ќе ја продолжи кариерата во Италија.

Агентот и таткото на нашиот нтернационалец ги договорија деталите, па сега се чека само на официјализација на договорот.