• Зоран Мишевски
Фудбалерите на Селтик третпат по ред ја освоија титулата шампион на Шкотска, откако во натпреварот од претпоследното 37. коло на шкотската Премиер лига го совладаа Килмарнок со 0-5. На тимот на Брендан Роџерс му требаше бод за да ја освои дванаесеттата титула во тринаесет сезони.
Тимот од Глазгов поведе уште во петтата минута со голот на Адам Ијда. Предноста ја удвои Дајзен Маеда во 12. минута, а третиот гол го постигна Џејмс Форест во 35. минута. Конечниот резултат го постигна двојниот стрелец Мет О'Рајли со головите во 51. и 71. минута.
Селтик има 90 бода, шест повеќе од Ренџерс и ја освои 54. шампионска титула во клупската историја. Селтик има шанса за уште еден трофеј до крајот на сезоната, бидејќи во финалето на Купот на Шкотска на 25 мај ќе игра против големиот ривал Ренџерс.
- Извештај од натпреварот:
Откако Абердин ја освои титулата во 1985 година, ниту еден клуб освен Селтик и Ренџерс не бил шампион на Шкотска.