• Мартин Танасковски
Лигите полека ги ослободуваат африканските ѕвезди за настапот на Африканскиот Куп на нации, а еден од најдобрите играчи од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе биде дел од настанот.
Вардар ќе го даде единствениот играч од мак-фудбалот на престижниот настан на африканскиот континент. Роџерс Мато, најдобриот стрелец за полусезоната во нашиот шампионат, ќе игра за Уганда.
Напаѓачот се рехабилитира од повредата на стапалото и ќе биде дел од составот на Уганда на АКН. Селекцијата ќе биде дел од Групата Ц на настанот, каде се наоѓаат уште силните Нигерија и Тунис, како и Танзанија.
АКН започнува на 21 декември, а Уганда првиот настап ќе го има на 23 декември против селекцијата на Тунис од 21:00 часот.

