Роџерс ја прифатил понудата на Лестер, Селтик ќе заработи 7 милиони фунти 

Три години и седум трофеи, па следува враќање во Премиер лигата. Брендон Роџерс одработи одлични сезони во шкотскиот гигант Селтик, речиси е неприкосновен на домашно тло, секоја сезона ги собираше трофеите, но сепак Премиер лигата е нешто сосема друго, лига која е сон за секој менаџер, особено за тие од Островот.

Иако пред една година се пишуваше дека младиот ирски стратег не размислува за заминување од Селтик и дека сака да направи моќен тим кој ќе конкурира и во Лигата на шампионите, сепак по само првиот повик од Премиер лигата, сè падна во вода. 

Како што најавуваат британските медиуми, 46-годишниот стратег е пред промоција за нов менаџер на Лестер Сити, кој пак пред два дена заради лошите игри и резултати во последниот период се реши да се раздели со искусниот Клод Пуел. 

Поранешниот стратег на Ливерпул во Лестер ќе допатува со екс-фудбалер на „црвените“, Коло Туре, а наводно Селтик за овој премин ќе заработи седум милиони фунти.