Родриго заработи црвен картон со вториот тим и ќе го пропушти „Ел Класико“

Родриго

Летното засилување од Бразил, Родриго, ќе го пропушти следниот меч на Реал Мадрид, кој ја пречекува Барселона во второто сезонско „Ел Класико“.

Младиот напаѓач настапи за вториот тим на „кралевите“ и постигна погодок во победата над Сан Себастијан де лос Рејес. Моменти подоцна, тој одлучи да прослави во лицето на противничкиот голман и заслужено заработи исклучување.

Правилникот вели дека Зинедин Зидан сега нема да може да смета на него за дербито на „Сантијаго Бернабеу“. Ако се земе предвид повредата на Еден Азар, ова е голем пропуст на бразилскиот интернационалец да се докаже на големата сцена во Примера.

Барса патува на „Сантијаго Бернабеу“ со два бода предност на табелата. Мечот се игра в недела со почеток од 21:00 часот.