• Иван Димовски
Бразилецот Родриго минува низ најтешкиот период во кариерата откако пристигна во Реал Мадрид. Напаѓачот стигна до неславен рекорд од 30 последователни натпревари без постигнат гол во сите конкуренции.
Со овој „подвиг“, тој го израмни антирекордот на Маријано Дијаз за најдолга голгетерска суша на еден напаѓач на „кралевите“. Последен пат Родриго се запиша во листата на стрелците во март, во триумфот од 2-1 над Атлетико Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите. Оттогаш поминаа месеци без погодок, а за да избегне да стане самостоен рекордер, ќе мора да реализира на утрешното гостување кај Атлетик Билбао, дуел во кој Реал влегува по три врзани ремија.
Ситуацијата е уште посериозна кога станува збор за Примера, каде што Бразилецот последен пат стрелаше во јануари. Во тековната сезона одигра 12 натпревари и 395 минути е без гол или без асистенција, што дополнително го зголемува притисокот врз него.

