• Мартин Танасковски
Дербито помеѓу Аргентина и Бразил очекувано беше проследено со жестоки моменти меѓу самите играчи. Сериозната играчка надмоќ на домаќините, изразена во конечниот резултат од 4-1, дополнително ги вознемири дел од Бразилците. Натпреварот во Буенос Аирес беше глобален квалификациски натпревар за СП во 2026 година.
Веќе во првото полувреме, гледачите беа сведоци на вербална „војна“ помеѓу Родриго од Бразил и Леандро Паредес од Аргентина. Медиумите во Аргентина прочитаа што точно кажале двајцата.
„Многу си лош“, му кажа напаѓачот на Реал Мадрид на противникот, а тој му одговори „Јас имам една светска титула и две титули на Копа Америка. А ти немаш - ништо“, кажа Паредес, покажувајќи „нула“ со раката.
Rodrygo: "You are very bad."
Paredes: "I have 1 World Cup and 2 Copa America's, you have zero."
— All About Argentina (@AlbicelesteTalk) March 26, 2025
Родриго го заврши натпреварот на полувреме затоа што беше заменет, а Паредес остана на терен до крајот.