ВИДЕО: Родриго го матира Столе во 89. минута за минималец на Реал против Рајо

Фудбалерите на Реал Мадрид брзо го заборавија поразот од Валенсија во претходното коло во Примера и забележаа нова победа. „Кралевите“ пред својата публика го пречекаа тимот на Рајо Ваљекано и со головите на Карим Бензема и Родриго славеа минимална победа од 2-1 (1-0) нивна 23-та оваа сезона во шпанскиот шампионат.

  • Реал Мадрид - Рајо Ваљекано 2-1:

Поради немилите настапи на средбата на „Местаља“ и црвениот картон, Винициус не беше дел од тимот на вечерашната средба, но кога беше најпотребно одговорноста ја презедоа капитенот Бензема и Родриго и ги израдуваа мадриѓани. Во 31. минута, на додавање на Валверде, поранешниот француски напаѓач погоди за водство од 1-0 на Реал Мадрид. Откако Раул де Томас израмни во 84. минута, пред самиот крај Родриго го матира Столе Димитриевски и ги постави конечните 2-1.

Екипата на Виљареал со сигурната победа над Кадиз од 2-0 ги сочува минималните шанси за место во Лигата на шампионите. „Жолтата подморница“ без многу проблеми впиша значајни три бода на своето конто, а херој на домашниот тим беше Џексон, кој беше творец на двата гола. На две кола до крајот Виљареал има пет бода негатива во однос на четвртопласираниот Реал Сосиедад.

  • Виљареал - Кадиз 2-0:

Вечерва се одигра уште еден натпревар од 36. коло во Примера, на кој екипите на Елче и Севиља си поделија по бод (1-1).

  • Елче - Севиља 1-1:

Вечерва се играат натпреварите Еспањол - Атлетико Мадрид и Бетис - Хетафе

Состави

Карло Анчелоти

4-3-3

    Francisco

    4-2-3-1