Родри се преоптоварил: Се повреди во најнезгоден момент за Барселона

Барселона остана без Родри за претстојниот дуел со Атлетико Мадрид, откако медицинските прегледи потврдија повреда на задната ложа на десната нога.

Шпанскиот репрезентативец почувствувал болка за време на натпреварот против Астон Вила во Лигата на шампионите и беше заменет на полувремето. Според „Марка“, неговото отсуство од дербито е сигурно, но сè уште нема проценка колку долго ќе трае паузата.

Ова е сериозен удар за Ханси Флик, со оглед на важноста на Родри во играта на каталонскиот тим. Од дебито на 27 август против Атлетик Билбао, тој настапуваше на сите натпревари во Примера и Лигата на шампионите, собирајќи вкупно 945 минути.

Проблемите за германскиот стратег се дополнително зголемени поради повредите на Руни Бардџи, Кристенсен, Дани Олмо, Ерик Гарсија, Жил Кунде и Чави Еспарт, кои во моментов тренираат индивидуално.

Состави

Ханси Флик

4-2-3-1

    Унаи Емери

    4-5-1