• Иван Димовски

Фудбалерите на Шпанија го кренаа трофејот на третото издание во Лигата на нациите, откако подобро шутираа пенали од Хрватска. Во израмнето финале кое можеше да заврши со било кој исход, а на крајот „фуријата“ се радуваше. Родри го анализира финалето и нагласи дека се чувствувале како да играле во Хрватска.
„Се чувствуваме како да играме во Хрватска. Затоа, секоја чест до навивачите на Шпанија кои се обидуваа да ги надвикаат. Хрватите во последно време редовно се на завршниците на големите натпреварувања. Тие на Мундијалот го победија дури и Бразил, па среќен сум за постигнатиот резултат.
Хрватска е една од најдобрите селекции на светот. Овој турнир не е лесен да се освои. Ние на патот совладавме големи екипи - Португалија, Италија и Хрватска. Затоа ни беше важно да триумфираме кога се пласиравме во финалето“, изјави Родри.
Шпанците го кренаа единствениот репрезентативен трофеј кој им недостигаше, а Хрватите испуштија нова шанса за освојување на злато.