Илија Најдоски го прослави шеесеттиот роденден со пријателите од Црвена Звезда

Легендарниот македонски фудбалер, Илија Најдоски, го прослави својот 60. роденден со посета на неговиот поранешен клуб, Црвена Звезда

Поранешнит дефанзивец на „црвено-белите“ им приреди изненадување на играчите и стручниот штаб и помина пријатни моменти со тренерот Владан Милојевиќ и спортскиот директор, Митар Мркела.

Македонецот за Звезда одигра вкупно 162 натпревари и беше дел од славната генерација која триумфираше во Купот на шампионите во 1991 година, а исто така освои три шампионски титули и еден Куп на Југославија. 

Илија Најдоски важеше за вистински столб во одбраната и се смета за еден од најдобрите играчи во историјата на Црвена Звезда.