ФОТО: Роде го крена трофејот во ЛЕ, а потоа се „пофали“ со зашиената рана

Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт дојдоа до трофејот во Лигата на Европа, по изведувањето на пенали против Глазгов Ренџерс (5-4). Средбата на „Рамон Санчез Писхуан“ понуди возбудувања, а по продолженијата немаше победник и влезе во пенал-рулет. 

Еден од тивките херои на Ајнтрахт е капитенот Себастијан Роде. Играчот за врска уште на стартот доби удар од Џон Лундстрам со отворен ѓон в главата, па заработи дупната глава. 

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Роде доби удар и дупната глава, заслужи ли Лундстрам црвен картон?

По победата, на социјалните мрежи капитенот на германскиот тим се „пофали“ со зашиената рана на главата, но и мотивирачки зборови.

„Најважно нешто беше да се освои трофејот. Сè друго е неважно“, напиша Роде со фотографијата. 

Роде без размислување и проблеми го доигра натпреварот, иако рано заработи повреда, а потоа го крена и трофејот во второто по ранг европско натпреварување. 

Состави

Oliver Glasner

3-4-2-1

    Giovanni van Bronckhorst

    4-2-3-1