Роберто де Зерби поднел оставка по елиминацијата во ЛШ?

Роберто де Зерби би можел да го напушти Олимпик Марсеј.

Според неофицијалните информации од француските медиуми, Де Зерби ја поднел оставката како тренер на Марсеј поради пропуштената шанса за пласман во Лигата на шампионите. Францускиот клуб не успеа да обезбеди учество во најелитното клупско натпреварување откако Бенфика со гол во 98. минута на Реал Мадрид им ја украде последната „виза“ за плеј-офот.

Де Зерби, кој ја презеде тренерската позиција со високи очекувања и амбиции, предизвика позитивни реакции со стилот на игра и резултатите во текот на сезоната. Сепак, останува да се види дали има вистина во најавите за повлекување, но и дали клубот ќе прифати такво нешто.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.