• Иван Димовски
Роберт Левандовски ја заврши својата етапа во Барселона и кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС-лига како нов фудбалер на Чикаго Фајр.
Според информациите, договорот меѓу двете страни е веќе постигнат, а полскиот напаѓач треба да стави потпис на договорот на почетокот на следната недела. Левандовски пред околу две недели го посетил Чикаго, кога биле договорени последните детали, по што решил да ја прифати понудата на американскиот клуб.
Искусниот голгетер во Чикаго пристигнува како слободен фудбалер, откако ја заврши соработката со Барселона. Американскиот клуб ја доби трката за неговиот потпис пред неколку други заинтересирани екипи претежно од Европа.
Со овој трансфер, 37-годишниот напаѓач отвора ново поглавје во богатата кариера, во која настапуваше за Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Лех Познањ, оставајќи длабока трага во европскиот фудбал.







