Робен не сака во пензија, неговиот агент работи на трансфер во Италија

Арјен Робен

По една деценија во Баерн Минхен, Арјен Робен е подготвен за нов клуб и нови предизвици. Има 35 години, но тоа не значи дека сака да замине во пензија. Холанѓанецот е во одлична физичка форма и се надева дека тоа ќе му донесе трансфер ова лето.

Италија се споменува како најизгледна опција за ветеранот. Неговиот тим ги направи првите контакти со екипата на Лацио, кој се чини е заинтересиран клуб за крилниот напаѓач.

Претходно, римјаните обезбедија сличен потпис на искусен фудбалер од Баерн Минхен. Се работи за Мирослав Клосе, кој пристигна во „вечниот град“ во 2011 година.

Засега непознато е дали соработката е изводлива и дали финансискиот дел би бил проблемот за неостварување на истата.