Робен бил блиску да игра во Јунајтед, не ја сакал миризбата на тренинг центарот?

Робен

Пред да се пресели во Челзи, брзоногиот Арјен Робен имал шанса да потпише договор со Манчестер Јунајтед. Сепак, на крај одлучил да му даде предност на тимот од Лондон, а причината за неговата одлука е повеќе од бизарна.

Рио Фердинанд одговараше на прашања на фанови на Инстаграм, а едно од нив се однесуваше на Холанѓанецот и пропаднатиот трансфер на „Олд Трафорд“. Поранешниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“ откри што навистина се случило со екс репрезентативецот на „лалињата“.

„Каков играч, Робен беше одличен. Требаше да заигра во Манчестер Јунајтед. Се сеќавам дека дојде во тренинг центарот и си замина. Наводно не му се допаѓал мирисот на местото. Потоа замина во Челзи, не ми се веруваше. Тој ќе беше одлично засилување за нас“, рече Фердинанд.

И покрај сите комплименти, легендарниот фудбалер на Јунајтед смета дека Рајан Гигс е подобар од него во своите најдобри времиња.

Робен заигра во Премиер лигата во 2004 година, кога за 12 милиони фунти си замина од ПСВ Ајндховен. На 106 настапи тој постигна 19 гола и подели 22 асистенции.