ВИДЕО: Ривер во 93. минута ја „скрши“ Бока, па следеше тепачка и СЕДУМ црвени картони

Големото аргентинско дерби во рамките на 15. коло на Лига Професионал ѝ припадна на екипата на Ривер Плата, која со гол во 93. минута победи против Бока Јуниорс со 1-0 (0-0). Домаќинот на „Монументал“ беше голем фаворит и апсолутно подобар на теренот, меѓутоа долго се чекаше на гол. 

По многу шанси, Ривер доби пенал во судиското продолжение. Истиот во гол го претвори Мигел Борха, кој стрелаше за 1-0, резултат кој беше конечен. До вистински хаос на теренот дојде за време на славјето на погодокот, откако група фудбалери влезе во апсолутен клинч. 

  • Најинтересните моменти од натпреварот:

Судијате Херера имаше полни раце работа, по хаосот и масовната тепачка покажа дури седум црвени картони, од кои четири беа за фудбалери кои беа дел од натпреварот, а три за резервни. Овие сцени не се изненадувачки за дерби дуелите на овој дел од светот, особено за натпреварите на лутите ривали Ривер и Бока.