• Саше Љолес
Бразилскиот Атлетико Минеиро оствари голем триумф во првиот полуфинален натпревар од Копа Либертадорес, славејќи со убедливи 3-0 над екипата на Ривер Плата.
- Атлетико Минеиро - Ривер Плата 3-0:
Аргентинците беа во подредена улога во текот на целиот натпревар, упатија само еден шут во рамките на голот, па затоа не можеа да се надеваат на поинаков исход. Херој на домаќините беше 33-годишниот напаѓач Дејверсон, кој постигна по еден гол во двете полувремиња, а во листата на стрелците се запиша и Паулињо, кој ги постави конечните 3-0 во 74. минута од натпреварот.
Домашните фанови имаа многу причини за славје, затоа што нивните миленици со една нога се веќе во големото финале и само чудо ќе може да ги сопре во походот кон мечот за титулата. Реваншот во Аргентина е закажан за 30 октомври, со почеток во 01:30 часот по македонско време.