ВИДЕО: Ривер и Бока пречекани од аргентинските фанови во Мадрид

Двата аргентински финалисти на Копа Либертадорес, Ривер Плата и Бока Јуниорс денес пристигнаа во Мадрид, каде што в недела ќе се соочат во возвратниот натпревар од финалето на Копа Либертадорес.

Наместо на „Монументал“, двете екипи ќе се сретнат на „Сантијаго Бернабеу“, а на местото на одигрување на финалето, ќе тренираат утре попладне. Двете екипи денес пристигнаа во главниот град на Шпанија, а беа пречекани од своите фанови во Шпанија и овој дел на Европа.

Пристигнувањето на Ривер Плата во Мадрид:

Пристигнувањето на Бока Јуниорс во Мадрид:

Организацијата е компликувана, обезбедувањето е зголемено, а се очекува помош и од аргентинската публика.