Ривер го врати својот најтрофеен тренер и веднаш му подари засилување

Ривер Платa го врати својот трофеен тренер, Марсело Гаљардо, кој официјално беше претставен како наследнкик на Мартин Демикелис. 

Ова е втор период на Гаљардо во Ривер, а неговиот прв престој беше од 2014 до 2022 година, или осум и пол години. Во овој период, тој освои четиринаесет титули, вклучувајќи го и Копа Либертадорес двапати – во 2015 и 2018 година.

„Главната цел што си ја поставив е да се борам за се што е пред нас и пред се да се фокусираме на најпрестижниот турнир, Копа Либертадорес“, рече Гаљардо на своето претставување.

Заедно со Гаљардо, Ривер го претстави и дефанзивецот Пецела, кој дојде од Бетис. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.