• Зоран Мишевски
Аргентинскиот репрезентативец Тијаго Алмада е официјално најскапиот фудбалер во историјата на аргентинската лига, откако реализираше рекорден трансфер во домашниот шампионат.
Алмада потпиша договор со аргентинскиот гигант Ривер Плејт до 2029 година. Зделката изнесува точно 20 милиони евра, сума која Ривер му ја исплати на шпанскиот клуб Атлетико Мадрид за 100% од неговите права. Со оваа сума, 25-годишниот Алмада го собори минатогодишниот рекорд на Колумбиецот Кевин Кастањо, кој премина во Ривер Плејт од руски Краснодар за 16 милиони евра.
Светскиот шампион со Аргентина од 2022 година се враќа во татковината по четири години поминати во странство, каде што играше на три различни континенти.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




