Ривалство кое расте: Кој е подобар во меѓусебните дуели - Клоп или Гвардиола?

Клоп Гвардиола

В недела на „Енфилд“ е закажан нов дуел на двајца од најдобрите тренери на денешницата, Јирген Клоп и Пеп Гвардиола.

Ливерпул ќе го пречека Манчестер Сити, двата ривали кои се најголеми конкуренти за титулата во Премиер лигата. „Црвените“ засега имаат предност од шест бода на табелата, нешто што би можело да се промени во зависност од неделниот натпревар.

Ривлаството меѓу двата клуба расте со секоја одмината сезона, а мечот ќе биде можност одново да се сретнат Германецот и Шпанецот на аут-линиите. Едниот со „хеви-метал“ фудбалска филозофија, а другиот со модерна и елегантна „тики-так“.

Ако се погледнат досегашните меѓусебни натпревари на Клоп и Гвариола, ќе се погледне целосна изедначеност. И двајцата имаат по седум победи, а само два дуели завршиле без победник.

Нивниот прв судир датира од 2013 година, кога Борусија Дортмунд го победи Баерн Минхен во германскиот Суперкуп.