• Мартин Танасковски

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, со гол го реши дербито меѓу Динамо Загреб и Ријека (1-0), меч кој беше емотивен затоа што беше последен за капитенот на „модрите“, Аријан Адеми.
Адеми заминува во Кина, па така, Ристовски ќе остане единствениот македонски фудбалер во балканскиот фудбалски гигант. Ристовски се прости со Адеми, му посака среќа во Кина и кажа добри зборови за него.
„Многу легенди минаа низ клубот, но само еден е Аријан Адеми, вистинска икона на синиот клуб. Кога тебе ти беше најтешко, клубот беше со тебе, а кога на клубот му беше најтешко, ти остана со него. Ти ја посакувам сета среќа во Кина, брате мој“, изјави Ристовски.
Аријан Адеми беше дел од Динамо Загреб од 2010 година, а оттогаш стана рекордер по бројот на трофеи, вкупно двааесет, како и втор играч по бројот на настапи. Пред него остана само легендарниот хрватски голман Дражен Ладиќ.