• Горан Упале

Екипата на Динамо Загреб повторно ги разочара своите фанови и одигра без победник во големото дерби со Ријека (2-2), но она што ја интересира македонската јавност се случувањата за време на полувремето, во кои го главната улога беа македонските фудбалери Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Во самиот финиш на првото полувреме имаше неколку тензични ситуации и неколку искри меѓу играчите, па пред почетокот на вториот дел судијата Дарио Бел им нареди на играчите да се смират или ќе има санкции.
„Адеми, чекај“, го повика Бел капитенот на Динамо и му нареди да се договори со капитенот на Ријека, Лабровиќ дека тензиите ќе спласнаат во второто полувреме. Бел им кажал дека за било каков приговор кон него или меѓусебен вербален конфликт меѓу играчите, ќе делел картони.
За време не полувремето во фокусот беше и поранешниот репрезентативец на Македонија, Стефан Ристовски. Искусниот бек, кој своевремено беше миленик на фановите на Ријека, на полувреме во солзи заминал во соблекувалната. Ова го потврдија хрватските медиуми, кои пренесоа дека соиграчите го тешеле Ристовски. Во тој момент Хрватите не знаеаја за што точно се работи и поради што нашиот фудбалер со солзи на очите заминал во соблекувалната.