ФОТО: Ристовски одигра квалитетен меч, фановите на Спортинг едногласни: „Тој е подобар од Пачини“

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски, синоќа за првпат се најде во стартниот состав на Спортинг Лисабон. Нашиот бек одигра одлични 90 минути и веднаш ги освои симпатиите кај фановите на португалскиот гигант. 

Спортинг одигра 0-0 против Маритимо, во меч од Лига Купот на Португалија, но Ристовски задоволи со својот настап, па по завршувањето на натпреварот на Твитер, навивачите едногласно пишуваа дека Стефан е подобра опција од Пачини и треба да биде стартер на секој меч.