Ристовски во Спортинг добива нов тренер кој сè уште нема УЕФА лиценца

Екипата на Спортинг се одлучи на интересен чекор во врска со ангажирањето на нов менаџер на првиот тим. Откако беше најавено дека тренерот Силас си поднел оставка по поразот од Фамаликао (3-1), како нов предводник на клубот се очекува да пристигне Рубен Аморим. 

35-годишникот ја предводи Брага, а според најавите тимот каде што настапува Стефан Ристовски ќе мора да издвои десет милиони евра за неговите услуги. Со тоа, Аморим ќе стане трет најплатен тренер, по Андре Виљаш Боаш, кој од Порто во Челзи прејде за петнаесет и Брендан Роџерс кој беше платен десет милиони евра на Селтик од Лестер.

Сепак, она што најинтересно е фактот дека новиот предводник на Спортинг сè уште нема УЕФА Про или УЕФА А лиценца

Аморим e биде трет тренер на „зелено-белите“ сезонава, откако најнапред Кајзер, а потоа и Силас не ги исполнија очекувањата. Спортинг минатата сезона ги освои Купот и Лига Купот на Португалија.