• Иван Димовски

Фудбалерите на Динамо Загреб победија на гостувањето кај Истра 1961 во Пула со 0-2, во огромна драма во финишот на средбата. Пресметката заврши со три црвени картони, два за Динамо и еден за Истра.
Бидејќи домаќинот имаше бројчана предност, притисна во последните минути. На последниот корнер во противничкиот шеснаесетник беше и голманот на Истра, а од тоа профитираше македонскиот капитен Стефан Ристовски. Бекот на Динамо истрча експресна контра, дојде во позиција за удар и погоди во празната мрежа.
- Погодокот на Стефан Ристовски со Истра 1961:
Ристовски на овој натпревар ги постави конечните 0-2, со што стави крај на драмата во Пула.