Ристовски влезе во „клубот сто“: Динамо му подари специјален дрес (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен капитен Стефан Ристовски во неделата имаше голем јубилеј во дресот на Динамо Загреб. Имено, искусниот десен бек против Шибеник го одигра стотиот натпревар за хрватскиот гигант, а клубот од Загреб му врачи посебен подарок.

Откако ја раситна „стотката“ Ристовски доби специјален врамен дрес со бројот сто, кој ќе остане во негово вечно сеќавање за периодот поминат на „Максимир“. 

Динамо Загреб извојува убедлива победа од 4-0, а Ристовски беше заменет во 81. минута.