• Горан Упале
Херојот на Динамо Заграб, Стефан Ристовски се осврна на важната победа против Осијек. Во дербито од второто коло на СуперСпорт ХНЛ лигата, Динамо го победи Осиек со 1-2 и тоа со погодок на поранешниот македонски бек длабоко во судиското надополнување.
По натпреварот, стрелецот на голот во 95. минута за медиумите изјави:
„Среќен сум и горд затоа што конечно го постигнав овој гол. Среќен сум пред сè поради победата на овој исклучително тежок терен. Мило ми е што верувавме до самиот крај. Го имаме тој победнички менталитет и само треба вака да продолжиме“.
Запрашан дали ја „зацементирал“ позицијата десен бек, Ристовски одговори:
„Па, што знам јас, вие новинарите најдобро знаете. Знаете сè за мојот трансфер, подобро од мене, дури и ништо не ме прашувате“, интригантно одговори Ристовски.
Не е јасно што точно го испровоцира Ристовски, но поради споменувањето на трансферот, се чини дека на играчот на Динамо му пречела неодамнешната приказна за негов можен трансфер во Црвена Звезда. За македонскиот бек ова е прв гол во новата сезона во хрватскиот шампионат.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.