• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски привремено е пензиониран од репрезентацијата и е во Загреб каде тренира со Динамо, а на последниот тренинг дојде со уникатна маица.
Десниот бек го поздрави кам-бекот на Аријан Адеми кој пак се врати меѓу „модрите“. По објавата на клубот за потписот со играчот од средниот ред, Ристовски дојде на тренинг со тротинет, а носеше маица посветена на Адеми со написот - „Воин“.
Аријан Адеми е икона на Динамо Загреб, најтрофеен играч во историјата на клубот, а трет по бројот на настапи. Повторно на терен ќе го гледаме дресот со број пет кој беше во пензија за време на кратката авантура на Аријан во Кина.
