ВИДЕО: Ристовски со гол во победата на Ријека за пласман во полуфиналето од Купот

Македонските фудбалски репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута со својот тим Ријека се пласираа во полуфиналето од Купот на Хрватска, откако во четвртфиналето денес на гостински терен остварија победа над Локомотив Загреб од 1-3 (0-3).

Победникот на мечот и патникот во полуфиналето беше решен уште по првото полувремe, во кое Ријека направи позитива од 0-3. Првиот гол беше дело на Малеш во 21. минута, за да нашиот репрезентативец Ристовски по соло акција од левата страна погоди и за 0-2. Само три минути подоцна Горгон од пенал погоди донесе позитива на Ријека од 0-3. Во второто полувреме домаќинот Локомотива Загреб само го ублажи поразот со голот на Цекиќ во финишот за 1-3.

Шанса за полуфинале во Купот на Хрватска имаат уште четири наши интернационалци кои утре со своите клубови ги играат четвртфиналните натпревари. Алтипармаковски со Интер Запрешиќ го пречекуваат Динамо Загреб, додека Ејупи и Петровиќ со Осијек ќе ги одмерат силите со Славен Белупо каде настапува Ивановски.